Креаторите на Rock Band работат на чуден музички шутер

Студиото Harmonix кое стои зад видео игрите Rock Band и Dance Central ќе се обиде во нов жанр – музички шутер. Слично како и во останатите игри во FPS жанрот, фокусот ќе биде на мултиплеер играњето, но за разлика од останатите игри во Chroma играчите ќе се напаѓаат со музика. Музиката во играта ќе има далеку поголем дел отколку во останатите игри. Нивоата се менуваат во дадени музички моменти, а играчите ќе можат да ги одбираат своите оружја во зависност од звукот. Според креаторите, играта е повеќе за креација, отколку за уништување. Засега оваа чудна игра е во рана алфа фаза, а ќе биде достапна во 2014 година на Steam. Најавена е како бесплатна.

„За оваа игра да биде за музика на начин кој нешто ќе значи, моравме да размислуваме поинаку од досегашните правила на FPS. Сакаме да го фокусираме вниманието на играчите на музиката и да ги натераме да бидат во музички текови додека играат“ изјави извршниот директор на Harmonix, Алекс Ригопулос за Polygon.

[youtube]3QZhsTRk-ic[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии