Креативци подгответе се, ни доаѓа уште еден Global Game Jam

Програмери, дизајнери, аниматори, цртачи, музичари, и што сè не, подгответе се за уште еден Global Game Jam. Настанот со кој некако и забрза развојот на видеоигри во Македонија според досегашните најави ќе се одржи во Скопје, Битола и Охрид. Oва година се одржува од 31 јануари до 2 февруари, a oфицијалното пријавување е веќе отворено за локацијата во Скопје. Веројатно наскоро ќе бидат отворени пријавите и за другите локации, а вестите ќе бидат споделени на веб-страницата и на facebook-страниците на МАГДА.

Global Game Jam е најголем светски настан за креирање на игри.  Global Game Jam се одржува еднаш годишно, истовремено на повеќе локации низ целиот свет во вид на 48-часовен маратон. Во Македонија настанот е во организација на МАГДА и се одржува од 2013 година. Досега учествуваа речиси 1700 професионалци, студенти, средношколци и ентузијасти од различни сфери за заедно да креираат игри, разменуваат знаење и остваруваат контакти. На Global Game Jam Македонија досега се создадени 162 видеоигри.

Во меѓувреме ако не може да издржите до 31 јануари, веќе е отворен натпреварот за избор на постер за Global Game Jam 2020, повеќе информации за настанот има на facebook страницата на МАГДА, а еве и неколку постери кои се пријавени досега.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии