Креаирајте си Nokia апликација со Ovi App Wizard

Доволно е само да вметнете УРЛ адреса и Ovi App сервисот сам ќе го извлече RSS или Atom фидовите oд сајтот, односно ќе ја извлече содржината. Потоа ви останува само да ги одберете боите, да го вметнете логото и да го напишете описот на апликацијата. Секако мора да се почека 24 часа апликацијата да се верификува пред да се објави, но по 2 минути труд и еден ден чекање ќе имате своја апликација на Ovi Store спремна за симнување.

При креирањето на апликацијата ќе ви биде понудена можност за вметнување реклама во апликацијата, како и да си одберете дали ќе биде бесплатна или дали ќе наплаќате по 1,2 или 3 долари за апликацијата.

btw утре проверете го Ovi Store за бесплатната IT.com.mk апликација. :) Апликацијата ми беше одбиена бидејќи „содржината е на погрешен јазик“. Oд Ovi велат дела не подржуваат македонски јазик, но ми предложија да одберам два јазика, македонски и англиски доколку имам англиска содржина. :(

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии