Kражби, дрога и предавства: Се затвара сајтот за продажба на наркотици Sheep

Кражба од 5.400 биткоини со вредност од околу 6 милиони долари се заканува да го затвори сајтот за продажба на наркотици Sheep, јавува Forbes. Sheep постои на „скриениот интернет“, оној кој може да се пристапи преку Tor мрежата, и слично како и неодамна затворениот Silkroad, заработува од продажба на дрога. Биткоините наводно ги украде корисникот под псевдоник EBOOK101 преку безбедносен пропуст на страната.

„Овој корисник пронајде пропуст во системот и украде 5.400 биткоини – вашите пари, нашата провизија, се е украдено… Се обидуваме да го решиме проблемот, но засега без успех“, вели соопштението на Sheep.

Но, во криминалниот свет работите никогаш не се толку едноставни. Корисниците тврдат дека повлекувањето на биткоини од страната е недостапно веќе една недела. Поради ова не станува збор за одземени 5.400 биткоини кој ги украл EBOOK101, туку за 39.000 биткоини со вредност од 44 милиони долари кои страната ги краде од корисниците.

Покрај Sheep привремена пауза најавува и Black Market Reloaded, кои своето повлекување го објаснуваат со преголемиот сообраќај до кој доведе затворањето на Silkroad. Сајтот објаснува дека анонимизацијата со Tor не е направена да функционира со огромен број на корисници. Поради ова страната прекина со регистрацијта. Засега, администраторите на BMR велат дека се работи на нова верзија на страната а нејзиното креирање ќе биде побрзо доколку привремено престанат со работа. „Не се грижете, нема да ограбиме никого и ќе бидеме посилни од порано“, велат од Black Market Reloaded.

И покрај затворањето на Silkroad и најавените затворање на Sheep и Black Market Reloaded, изгледа дека продажбата на наркотици на интернет е попрофитабилна од било кога. Дел од администраторите на Silkroad веќе направија нова верзија на страната Silkroad 2.0 која веќе нуди илјадници нови продукти.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии