„Краудмапинг“ (Crowdmapping) претставува процес на онлајн геомапирање на информации (информација, слика, видео) од страна на корисниците, користејќи комуникациски алатки (интернет, е-пошта, смс, социјални медиуми итн.) за одредена кауза (мапирање природни катастрофи, криминал, изборни нерегуларности, ширење на вирус, политичка корупција и др.).

Содржината генерирана од стана на корисниците е агрегирана и визуелизирана во форма на „краудсорсирана“ мапа, каде точно може да се дознае локацијата и времето на секоја пријава. Ваквите проекти се отворени за сите граѓани, секој може да креира платформа, активно да учествува во геомапирање или пак само да се информира.

Придобивките од краудмапинг-от зависат од ефективната организација, нивото на свеста кај корисниците и од прецизноста/точноста на информациите. Интерактивните краудсорсирани мапи придонесуваат за зголемување на инфорираноста и за голем број прашања од јавен интерес.

Засега најчесто користена алатка е Ushahidi, софтвер со отворен код, бесплатно достапен за преземање и користење, и алатката за краудмапирање во „облакот“ – Crowdmap која се базира на истата платформа и се користи за брзо онлајн креирање интерактивни мапи.

[youtube]EhT3co2qNAA[/youtube]

Глобално веќе постојат голем број краудмапинг проекти, како што се мапирање на големите пожари во Русија, насилства во Кенија во пост-изборен период, инциденти за време на парламентарни избори во Индија, Мексико, Авганистан, штети од природни катастрофи во Јапонија и Хаити и др. Постои и еден неуспешен обид за краудмапирање во Средниот Исток, кога во обид да се мапира бунтот во Египет, властите ја прекинаа интернет конекцијата во државата по што беше не постоеше начин да се реализира проектот.

Краудмапирање во Македонија

Од неодамна има и неколку спроведени проекти во Македонија, но употребата е далеку помала во однос на глобалната употреба. Следат неколку локални проекти, со цел да се видат разните типови употреба на овој концепт.

  • Поправи.мк – Ова е сервис кој им овозможува на граѓаните да помогнат во откривање проблеми настанати на јавна површина. Со нивно споделување граѓаните им помагаат на општините побрзо и поефикасно да ги отстранат.

  • Мапирај го е-отпадот! –  – Мапа која ги содржи сите засегнати страни во проблемот со третирање на отпад од електрична и електронска опрема (е-отпад), како и локациите каде е лоцирано неговото фрлање во Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија.

  • Доктори.мк – локатор® – Брзо и едноставно пребарување здравствени установи и доктори, пронаоѓање најблиска аптека, потребниот доктор или установа, мапирање ординација, аптека, поликлиника.


Доколку постои уште некој локален проект кој не е споменат, споделете го во коментарите.

5 коментари на “„Краудмапирање“ од страна на корисниците со примери од Македонија

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии