Foursquare е сервис за споделување на локација преку Google Maps со можност за додавање на слика, совети или коментари за истата. Сервисот има скоро 7 милиони корисници. Релативно е мал споредено со големите Facebook и Google Places, но сепак Foursquare е еден од поинтересните локациски стартапи кој целото искуство во споделување локација го претвори во игра и промоција на локални бизниси.

Неодамна, група од над 100 .mk Foursquare корисници се организираа за Swarm значката, игривиот дел од Foursquare каде корисниците собираат значки заради истакнување на себе, еден вид авантура. Но, покрај корисниците во сабота и еден .мк бизнис ја прифати мрежата и создаде интеракција со Foursquare корисниците нудејќи им попусти на сите оние кои ја покажаа новостекнатата значка.

Земајќи ја в обзир потенцијалната популарност на сервисот во Македонија, ви подготвивме краток водич за сервисот, како да го користите и што може да направите со него. Водичот е со цел да ве информира за новиот тренд, да бидете про наместо n00b. :P

Првите денови на FourSquare

Сервисот е создаден во 2009-та од Навен Селвадури и Денис Кровли, основач на проектот DodgeBall кој беше купен од Google и затворен во 2009-та, кога и беше заменет со Google Latitude. FourSquare е еволуција на DodgeBall, односно сервисот чија идеја е корисниците да имаат интеракција со околината преку мобилните телефони.

Концептот на FourSquare


FourSquare е веб и мобилна базирана апликација која им овозможува на регистрирани корисници да ја споделуваат својата гео-локација со своите пријатели на сајтот или пак на друштвените мрежи како FourSquare и Twitter. За да го направи споделувањето на локации поинтересно и да ги мотивира своите корисници, FourSquare претстави серија на беџови како на пример Player Please беџот кој ќе го добиете ако се чекирате на иста локација во исто време со три корисници од спротивниот пол.

Почетната серија на беџови на FourSquare постојано се проширува и со спонзорирани беџови, а во блиска иднина мрежата планира и да им овозможи на корисниците сами да си создаваат свои беџови. Исто така можно е и за некои беџеви да забележите дека нема објаснување за тоа како може да ги отклучите, со што сервисот е уште позабавен за користење. Тимот зад овој стартап е и доста отворен кон авантури, дури имаат и NASA беџ отклучен од вселената. :)

FourSquare градоначалник


Доколку сте корисник кој ќе се чекира повеќе пати/денови на едно место во последните 60 дена ја добивате титулата “градоначалник” на даденото место. Нормално, FourSquare си има свои методи за да го потврди вашето присуство на таа локација, најчесто тоа го прави преку GPS-от во вашиот телефон или пак преку триангулација на мрежата. Интересниот момент додека сте градоначалник на дадено место е тоа што може да имате и бенефиции. Како за пример е Caramelo кој нуди 20% попуст на својот FourSquare градоначалник.

Tips & To-Do листа

FourSquare ви овозможува и да додавате совети за локацијата, како на пример ако се наоѓате во некој ресторан може да го предложите омиленото јадење на сите останатите FourSquare корисници кои ќе се чекираат во иднина. Советите корисниците може да ги додаваат во своите To Do листи или пак можат да ги означат како “веќе направени” работи. Советите и To Do листата се интересен начин за споделување на искуства и доближување на корисниците. На пример, во ресторанот Gusto корисник го има препорачано нивното вино, или пак доколку седите во Fish & Jazz барот во Стара Чаршија, ќе забележите дека еден корисник ја споделил лозинката од безжичната мрежа.

Foursquarе го има за разните мобилни платформи и има отворено API кое може да се користи за апликации. Дополнително Foursquare има и алатки за да им помогне на сопствениците на локалните бизниси и брендови кои можат да ги споделат своите продукти и услуги со милионите корисници, да им понудат попуст или некоја значка.

Се гледаме на мапата!

2 коментари на “Краток водич за FourSquare

  1. "Можеби е чудно, малку застрашувачки да се споделува локација со стотина пријатели на друштвените мрежи, но гео-локациските сервиси стануваат хит во светот, но и во Македонија каде еден мал стартап станува интересно хоби за многу корисници."
    -луѓе за приватност и слобода се работи!!!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии