Краток преглед на новите Facebook опции за споделување и приватност

Facebook најави неколку промени во обид да го подобри споделувањето. Беше објавен нов интерфејс за преглед на фотографии со поголема резолуциjа, од сега ќе бидете известени ако некој ве тагира на слика, и се претставија нови опции за споделување статуси и подобра приватност. Овие новини, кои Facebook ги стартува постепено, сега се достапни за скоро сите .мк корисници.

Најинтересна новина од трите е модифицирање на интерфејсот за објавување статуси. Имено, Facebook не само што ја истакна опцијата за споделување локација и заедно со неа овозможи и полесно тагирање на пријателите (наместо користење на @), што сигурно ќе придонесе кон поголемо споделување кој е каде и со кого, туку и го поедностави и го направи поефикасно контролирањето на приватноста. Односно, сега е полесно да контролирате кој може да ги види вашите статуси.

Контролата за приватност е сведена на само Public (јавно), Friends (пријатели) и Custom (по желба). Friends of Friends е ставено под Custom. Дополнително, сега дури и откако ќе биде објавен статусот ќе може да промените кој го гледа, односно ако сте го објавиле јавно, можете со само еден клик да го наместите да биде видлив само за пријателите. Ова всушност му дава предност на Facebook пред Google+ во контрола на приватноста.



Тоа што е незгодно е што сега под статусите не се прикажува како е споделен статусот, туку ќе мора да проверувате. Исто така, штом ја наместите локацијата тешко дека ќе ја тргнете. Ова е потенцијален проблем со приватноста, но добро е што може да ја лажирате.

Покрај подобрената приватност, истакнување на локацијата и полесно тагирање на пријателите, ќе забележите дека сега нема копчиња за сподели линк или видео, туку опциите се поедноставени на три: Сподели статус, тука ги внесувате линковите и видеата, Додај фотографија и Прашај прашање за анкети.


Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии