„Кралот на спамот“ испратил 27 милиони спам пораки на Facebook

Жител на Лас Вегас призна дека е виновен за испраќање на 27 милиони спам пораки на Facebook. Овој подвиг му успеал откако илегално се здобил до пристап до околу 500.000 профили од кои ги испратил пораките. Санфорд Валас го призна делото, а се чини дека сосем заслуженo го носи името Spam King.

Престапот е направен во подолг период во 2008 и 2009 година, а сега 47 годишниот Валас ја чека пресудата за измама и криминална намера. Како дел од неговото пуштање со кауција „Кралот на спамот“ имаше забрана за пристап до Facebook, но не издржа, па ова ќе му биде дополнителна отежнувачка околност.

Најголемата казна која може да ја добие од судот во Сан Хозе е 3 години затвор и 250.000 долари, вели Bloomberg.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии