Кралевите на виртуелниот свет

IT.mk редакција

во Веб

{mosimage}Поради рецесијата големите ИТ компании, Microsoft, Intel, Google, Yahoo!… отпуштаат луѓе или си ги скратуваат трошоците на секаков начин. Некои од тие начини предвидуваа и прекинување на Еncarta енциклопедијата на Microsoft, додека Google го укина бесплатниот ручек за вработените… сé со цел да си ги намалат загубите во рецесијата.

Но една индустрија остана имуна на рецесијата. Можеби не комплетно имуна, но досега гејминг индустријата изгледа како да не е загрижена од лошата економија.

Со рекордни продажби ги надминаат и музичката и филмската индустрија кои додека се борат против пиратерија, гејмерската индустрија најде нов начин да си ги продава производите. И тоа со виртуелни светови и со креативни игри. А тоа нешто им се допадна и на хардкор гејмерите и на casual играчите што придонесе видео игрите да станат дел од популарната култура.

Кои се најуспешни студија? Одговорот на тоа го даде Develop магазинот кои објави листа на 100-те најуспешните гејминг студија. Листата ја предводат Blizzard, Nintendo и Rockstar.

1. Blizzard Еntertainment – Во 2004 година го стартуваа виртуелниот свет World of Warcraft. Денес играта ја играат 12 милиони играчи кои плаќаат месечна претплата што на Blizzard им носи чисти 100 милиони долари месечно. Тоа е само од претплатата. Продажбата на играта е другиот дел од равенката. Кога во ноемри Blizzard го објавија второто продолжување Wrath of the Lich King тие продадоа 2.8 милиони игри за 24 часа, (4 мил. за месец) со што стана најбрзо продавана игра за PC во историјата. Претходниот рекорд го држеше Burning Crusade, првото продолжение на WoW.

Бидејќи се партнери со Activision, додајте ги и 2.15 милијарди долари заработени од Call of Duty и Guitar Hero.

{mosimage}

Што следува? Blizzard е компанијата која стои зад наслови како Diablo и Starcraft, видео игри со неверојатна популарност чии продолжувања, веќе најавени од Blizzard, се очекуваат од армија гејмери. Додајте го и неверојатниот развој на WoW и плановите за додатни продолженија за виртуелниот свет. Додајте го и тоа дека директорот задолжен за развој на WoW беше префрлен да работи на нов MMO проект. Што добивате? Светска доминација.

2. Nintendo EAD – Оваа компанија се збогати со одличните платформи Nintendo DS и Nintendo Wii. Wii продаде 40 милиони парчиња, и на почетокот на 2009 застана пред PlayStation 3 и xBox 360 во светската продажба.

Но мора да се одбележи дека платформите беа пропратени со феноменални креативни игри како Super Mario Galaxy, Little Big Planet и уште многу други.

3. Rockstar North – Rockstar е студиото коe ја прави Grand Theft Auto, играта која продаде 3.8 милиони копии на денот кога се објави, април 28, 2008, 6 милиони до крајот на првата недела. Со тоа GTA стана најбрзо продадена игра во историјата на PlayStation и xBox.

Од тогаш до сега Rockstar работи на продолженија на играта. Последното The Lost and The Damn беше објавено во февруари оваа година.

{mosimage}

Потоа на листата на Develop 100 следуваат ЕА Canada – студиото кое ги прави сите најпознати спортски игри, најуспешен наслов е Fifa ’09. Потоа следи Capcom, креатори на Resident Evil, Monster Hunter, Taken, Devil May Cray… По нив е Ubisoft Montreal чии наслови се Assassin’s Creed. Far Cry 2, Tom Clancy’s Rainbow Six…

По нив од седмо до 10 се: Treyarch и Infinity Ward (Call of Duty), Epic Games (нивната платформа е искористена за Mortal Kombat, Gears of War, Mirror’s Edge) и Bethesda Softworks (Fallout 3).

Целата листа од 100-те најуспешни во гејминг индустријата можете да ја најдете тука.

Успесите на гејминг индустријата дефинитивно ќе продолжат бидејќи секоја година има нова Fifa, нова експанзија за WoW, ново продолжение на Call of Duty и Fallout… Мислам дека нивниот одговор на лошата економија би бил – "Рецесија? Што е тоа рецесија?"



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии