Kraken доби дозвола да ја креира првата крипто-банка во САД

IT.mk редакција

во Свет

Берзата на криптовалути Kraken доби дозвола да ја основа првата крипто-банка во САД. Компанијата доби дозвола од Вајоминг да ја крeира првата крипто-банка во САД која го носи името Kraken Financial.

Берзата барањето за Депозитарна институција за специјални намени (SPDI) го поднесе пред повеќе години, па конечно дојде време за реализација на ова барање. Работата на Kraken Financial ќе биде слично регулирана како работата на американските банки.

Засега банката започнува да функционира локално со седиште во Чејен, Вајоминг. Планот е во најкус можен рок банката да започне да работи глобално. Ова значи дека во првата фаза сметки ќе бидат достапни за жителите на САД, а во следна фаза крипто-банката на Kraken ќе отвори за глобални корисници.

„Воодушевени сме што работиме во држава со која ги споделуваме филозофијата и вредностите. Вајоминг е редок и светол примен за тоа како промислена регулација може да биде двигател на иновацијата во финтек компаниите“, велат од Kraken.

Плановите на берзата се со новата банка да креира „мост“ помеѓу постоечкиот финансиски систем и криптоо-економијата на иднината.

Издавањето на дозволата за Kraken Financial ќе ја олесни работата на следните подносители на ова барање. Дел од како AvantiBT веќе се на оваа листа и чекаат на одобрување.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии