Крајот на четвртата сезона на Guild Wars 2 почнува во вторник

Оние кои подолго време ја играат Guild Wars 2 обично се сложуваат дека четвртата сезона се одликува со едни од најдобрите епизоди. За вторник се планира шестата епизода, долго-очекуваното финале и продолжеток на петтата епизода која ги остави сите фанови во состојба на апсолутно растројство.

Низ меланхоличен бран од разменување погледи, ArenaNet исфрли еден од најтрогателни трејлери, маестрална композиција која ја прикажува давењето на последната надеж во море очај.

War Eternal ќе понуди нова приказна и нова мапа која, по прв пат, се држи во тајност. Најтрпеливите ќе можат да направат ново легендарно оружје, или да направат нов надградлив оклоп, по еден за секој билд. Легендарниот greatsword се вика Exordium и изгледа исклучително интересно.

War Eternal конечно ќе дозволи да јаваме змеј. Оваа животно значително ќе се разликува од грифинот. Skyscale змејот констатно може да лебди на земјата, но како лебдите, така животното губи кондиција и го намалува лакот на лебдење.

Шестата епизода ќе биде бесплатна за сите оние кои ќе се логираат пред излегувањето на петата сезона, под услов да ја имате купено експанзијата Path of Fire, која се продава со 50% попуст. Од ArenaNet веќе потврдија дека нема да има експанзија по крајот на четвртата сезона туку дека веднаш ќе се впуштат во создавање наредни епизоди.

1 коментар на “Крајот на четвртата сезона на Guild Wars 2 почнува во вторник

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии