Крај на поддршката за Internet Explorer за своите сервиси

Дејан Соколоски

во Вести

Microsoft најави крај на поддршката за Internet Explorer. По точно една година на 17 август 2021, Microsoft ќе ја прекине поддршката за Internet Explorer 11 на своите сервиси. Сервисите кои се опфатени се Office 365, OneDrive, Outlook, објави компанијата на својот блог. Претходно ќе заврши и поддршката за Microsoft Teams.

Ова секако не е изненадување. Веројатно никој и не се надеваше дека по излегувањето на Edge дека Microsoft ќе продолжи да издава и одржува два прелистувачи. Одржувањето од 5 години за Explorer по излегувањето на Edge, може да е и поголемо изненадување од најавениот крај на поддршката.

Покрај најавениот крај на поддршката за Internet Explorer, компанијата најави крај и за Edge Legacy. Ова доаѓа дури и порано, со оглед на тоа дека поддршката за Edge Legacy завршува на 9 март 2021. По овој период сервисите на Microsoft ќе бидат достапни на поновите прелистувачи на пример Microsoft Edge.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии