Крај на непријателството? Amazon го врати Chromecast во продажба

Дејан Соколоски

во Вести

Chromecast ќе биде достапен на Amazon за прв пат од 2015. Дополнително, ќе биде и дел од производите кои се бесплатни за достава со Amazon Prime, вели Android Police.

Google Chromecast е достапен за 35 долари, а Google Chromecast Ultra за 70 долари.

Во 2015 година Amazon ја повлече продажбата на Chromecast од својата продавница. Ова беше почеток на период во кои двете компании изнаоѓаа простор за сопки, а на крај сè беше на штета на корисниците.

Отстранувањето на Chromecast беше првиот чекор. Потоа Google го повлече YouTube од Fire TV и Echo Show, по што Amazon го отстрани Nest од продавницата. Па Google го отстрани секој можен пристап до YouTube од овие платформи.

Amazon најави дека враќањето ќе биде минатата година, но иако листингот на производот беше достапен, никогаш немаше залиха на производи. Претходно, на почетокот на август Google ги врати YouTube на Amazon Firestick и Fire TV.

Со оглед на тоа дека во последниот период повеќе сме сведоци на тужби на компаниите отколку на соработки, се чини дека сме пред вистинско празнично чудо.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии