Крај на љубовта помеѓу операторите и производителите на телефони?

Без сомневање, најмалку еднаш сте се сретнале со избор помеѓу телефон кој ви се допаѓа и реалноста во која паметниот телефон не е достапен кај операторот кој го сакате. Ова не е случај со сите телефони, но со дел од ексклузивните и популарните модели е, а изборот на оператор или телефон никако не е во корист на корисниците.

Google и Nexus линијата беа првите кои во 2010 се обидоа да ги извадат телефоните надвор од рацете на телефонските оператори, нудејќи им ги на своите корисници отклучени и без договор. Сега веќе има повеќе производители кои своите телефони ги нудат директно на купувачите, но до неодамна стануваше збор единствено за Android уреди. За жал во САД од каде остатокот на светот ја презема праксата Google и Android го немаат главниот збор.

Но неучествувањето на Apple не е главна причина за неуспехот да се одделат телефоните од операторите, незаинтересираноста на операторите беше главна причина за ова. Само еден оператор – T-Mobile го прифати предлогот на Google, останатие најверојатно поради можноста да обезбедат ексклузивни модели за својата мрежа, не беа заинтересирани, вели Волт Мосберг од Recode.

Операторите насекаде, а и Македонија не е исклучок, ќе мораат да започнат во целост да се занимаваат со своето основно дејство, понуда на телефонија и интернет за своите корисници, а не продажба на телефони. Сите производители мораа да креираат некои различни модели или верзии кои ќе бидат достапни на различни оператори во САД. Единствен производител и телефон ослободени од овие условување се Apple и iPhone, но ова значеше дека Apple ќе мора да има ексклузивен договор со AT&T и во првата година телефоните да се ексклузивно достапни на овој оператор. Поради ова AT&T може да си дозволи да ги продаа телефоните кои чинат 650 долари за 200 долари, но заедно со договор од две години, а во овој период купувачите ќе платат и повеќе од разликата во цените.

Дел од производителите кои своите телефони ги продаваат онлајн како: Oppo, OnePlus или Xiaomi воопшто немаат договори, ниту се инересираат за операторите. Сепак Apple е првиот производител кој се повлече од договорите со операторите, компанијата започна продажба на телефоните надвор од договори, со сопствена гаранција, но и дополнителна клаузула која ќе им овозможи на корисниците да ги надградат своите телефони на најновата верзија секоја година, во замена за месечна претплата.

Каде оди Apple, Samsung следи, па само по околу две недели и Samsung најави за Forbes дека: Galaxy телефоните ќе доаѓаат без договор со операторот. Договорите се речиси идентични со оние на Apple, а се чини дека ќе бидат достапни веќе со следната верзија на Galaxy.

Со одземање на ексклузивните модели на телефони, операторите ќе мора да се фокусираат на понуда на поквалитетна услуга и поконкурентни цени, а корисниците ќе почнат да ги одбираат по нивната првенствена дејност – понуда на телекомуникациски услуги, наместо продавница за паметни телефони.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии