Крај на една ера, Ерик Шмит не е повеќе претседател на Alphabet

Дејан Соколоски

во Вести

Ерик Шмит најверојатно не е првото име кое ви паѓа на ум кога ќе ви текне на Google. Сепак, заедно со Лери Пејџ и Сергеј Брин е еден главните ликови во Google, сега Alphabet. Г. Шмит e претседател на бордот на компанијата од 2011 година, но во Google е од 2001.

„Од 2001 година, Ерик ни даваше бизнис и инжинерска експериза и јасна визија за иднината на технологијата. Продожувајќи ја својата 17 годишна служба во компанијата, сега ќе ни помага како технички советник за научни и технолошки прашања“, објави Alphabet.

Следниот состанок на бордот, ќе го означи и крајот на на неговото претседателство. Шмит сега има 62 години и ќе продолжи да работи како техниччки советник.

Замената на г. Шмит ќе го означи крајот на замената на директори која започна со формирањето на Alphabet. Во овој период компаниајта ги замени повозрасните директори и раководители со помлади. Токму со ова сегашниот директор на Google, Сундер Пичај дојде до раководното место во Google.

Г. Шмит иако не е основач на Google долго време беше ликот на компанијата. Главна причина за ова е избегнувањето најавните настап на г. Брин и г. Пејџ.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии