Крај на бесплатниот Hulu, сервисот сега е префлен на Yahoo

Бесплатниот сервис за видео на Hulu повеќе не постои, интернет телевизијата сега е дел од Yahoo View, а целата програма која ја имаше Hulu, ќе биде достапна единствено со претплата. Бесплатниот дел од програмата,  беше дел од идејата на Hulu која требаше да биде реклама за останатите програми на платформата.

Новата телевизија Yahoo View како и самиот Yahoo! веќе се дел од Verizon, а минатата недела Time Warner купи 10 отсто од акциите а Hulu за 600 милиони долари, и се приклучи на новата платформа.

Интересно ќе биде да се види одговорот на Netflix, кој наеднаш добива два нови конкуренти, кои зад себе имаат моќни телекомуникациски компании.

Yahoo View е сервис кој постоеше и претходно и на него е достапна содржина и од Tumblr, освен серии на фанови на сервисот може да се разгледаат различни слики, анимирани GIF-ови и слично. Сериите и останатата програма на Yahoo View ќе биде „финансирана“ преку реклами.

Hulu останува достапен преку претплата, и тоа преку две можности. Првата со реклами за 8 долари, а втората за 12 долари без реклами. Hulu со овој потег ќе се приближи повеќе до Netflix, најверојатно наскоро може да очекуваме и Hulu да се прошири и да биде достапен во целиот свет, како тоа што го направи Netflix во своето ширење пред одредено време, кога ја вклучи и Македонија.

Содржината на Yahoo View ќе биде достапна засега само во САД, а обичните прокси сервиси достапни на интернет кои ги тестиравме не помогнаа за да може да пристапиме до платформата од Македонија, што значи дека Hulu има солидна заштита од вакви пристапи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии