Kрај на анонимноста, вели Blizzard

Oва е првобитниот текст: Blizzard, креаторите на популарната онлајн игра World of Warcraft, објави дека ќе ги открива правите имиња и презимиња на гејмерите кои постираат на oфицијалните форуми на Blizzard користејќи го новиот Real ID системот кој е креиран да го отстрани спамот од игрите и да ги поврзе гејмерите. Но откривањто на идентитетот не наиде добро кај гејмерската заедница. Некои дури го нарекоа ова откривање на приватноста како обид за друг Facebook.

Според Blizzard целта на оваа драстичен потег е да се престане со тролувањето и навредите на форумите.

„Форумите добија репутација на место за расправии, тролување и каде се случуваат други непријатниости. Тргањето на превојот на анонимноста, типичен за онлајн дијалогот, ќе придонесе до повеќе позитивна атмосфера на форумот, промоција на конструктивен разговор и поврзување на Blizzard заедницата на начини на кои не беа поврзани претходно.“ вели Blizzar.

За да ги мотивира гејмерите да го користат Real ID и да го споделат својот прав идентитет со другите гејмери во игрите, Blizzard им нуди посебни бенефици, пример чет меѓу игриte WoW и се уште необјавената Starcraft како и други опции.

Но, откривање на анонимноста е големо нешто во виртуелните светови каде играчите ја имаат перфектна можност да добијат нов идентитет. Дел од гејмерите се согласуваат со Blizzard со тоа дека форумите ќе се исчистат од спамерите. Но поголемот дел се незадоволни велејќи дека RealID системот е најлошиот потег на гејмерскиот гигант.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии