Ковид-19 модел на Google и Харвард ја предвидува пандемијата

Дејан Соколоски

во Свет

Пандемијата на Ковид-19 засега не изгледа дека ќе наскоро ќе престане. Ова најмногу важи за САД и за повеќе држави во Јужна Америка, но и Индија. Ковид-19 модел на истражувачи од Google и Харвард ја предвидува состојбата со епидемијата во држави и градови во сад во следните 14 дена.

Предвидувањата се фокусирани на повеќе клучни параметри за епидемијата и здравствениот систем: бројот на заразени; бројка на починати; број на лица на интензивна нега; број на достапни респиратори. Предвидувањата кои се даваат 14 дена порано треба да послужат за стратегија градење за здравствениот и јавниот сектор како и за сите засегнати организации, пишува Venturebeat.

За креирање на Ковид-19 модел на Google и Харвард истражувачите од Google креираа нов пристап за машинско учење кој комбинира вештачка интелигенција и епидемиологија. За тренирање истражувачите користеа отворени податоци од Универзитетот Џон Хопкинс, Descartes Labs и Американскиот државен завод за статистика. Благодарение на архитектурата која им овозможува на истражувачите да ги разгледаат причините и последиците во предвидувањата.

„Забележуваме дека нашиот модел има значително помали апсолутна и релативна грешка во споредба со моделите со кои правиме споредба во областите во кои доминантни се афро-американците, латино и белците. Нашиот модел е оптимизиран за прецизност во сите држави во САД и најдобри предвидувања низ сите заедници“, велат истражувачите од Google.

Моделот за предвидување е дел од COVID-19 Public Datasets програмата. Ова значи дека сервисот ќе биде бесплатен барем до 15 септември. Компанијата ова го најави со објавувањето на Public Datasets.

За пандемијата на коронавирусот COVID-19

Ажурирано на 25/03/2020

Што е коронавирусот COVID-19?

COVID-19 (коронавирусна болест 2019) е нова заразна вирусна дишна болест предизвикана од новиот коронавирус SARS-CoV-2. Името го добива по „боцките“ на неговата површина кои изгледаат како круна (корона). Коронавирусите можат да заразат и животни и луѓе и да предизвикаат симптоми што се движат од лесна настинка до тешка, животно загрозувачка пневмонија.

Колку е заразен вирусот?

Вирусот е екстремно заразен и се пренесува многу лесно од човек на човек, особено во затворени површини. Се пренесува по капличен пат - во мали капки кои ги прави заразениот човек кога дише, зборува, кашла или кива.

Каде е проширен вирусот?

Почнувајќи од првата епидемија во Кина, од декември 2019 до денес вирусот е проширен во над 140 земји, има заразено најмалку 462.000 луѓе и предизвикано над 20.800 смртни случаи. Според Светската здравствена организација се работи за пандемија. Моментално Европа и САД се соочуваат со нагол пораст на новозаболени. Вирусот е присутен и во Македонија од 26 февруари 2020.

Кои се симптомите?

За да се појават симптомите потребни се 2 до 14 дена. Најчести симптоми се покачена температура, сува кашлица, замор и потешкотии при дишењето. Најголемиот број заболени (околу 80%) имаат благи симптоми кои наликуваат на грип или лоша настинка. Некои луѓе воопшто не развиваат симптоми, но може да ја пренесат болеста на други.

Како да се заштитам себеси и другите?

Добар совет во време на пандемија е да се однесуваме како сите, па и самите да сме заразени. Ова значи, минимизирање на контактот со други луѓе и држење на дистанца од 1 до 2 метри, поретко излегување од дома, често и долго (до 20 секунди) миење на рацете и избегнување на допирање на лицето.

Каде да се информирам повеќе?

Во време на пандемија, а воедно и на лажни вести и clickbait тактики, бидете внимателни од каде конзумирате вести. IT.mk ви препорачува да ги следите официјалните сајтови и проверени извори на информации:

- Официјална веб-страна на Министерството за здравство
- Официјална веб-страна на Владата на РСМ
- Неофицијална страна поддржана од Министерството за здравство
- често ажурирана страница за моменталната состојба на пандемијата. За секоја земја има и посебна статија.

Прочитај повеќе

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии