Kotlin е најбрзорастечки програмски јазик

Дејан Соколоски

во Вести

Програмскиот јазик Kotlin кој помага во развој на Android апликации е најбрзорастечки програмски јазик на GitHub. Ова е еден од податоците кои GitHub ги сподели со јавноста.

Kotlin е програмски јазик поддржан од Google за развој на Android апликации. Можеби растот на Kotlin и не треба да биде изненадување. Дури 27% од Android апликациите на Google Play Store се развиени со овој програмски јазик, како и Twitter, Netflix и Slack. Бројот на контрибутори на Kotlin е пораснат 2.6 пати, зад ова се HCL 2.2 пати и TypeScript 1.9.

  1. Kotlin – 2.6x
  2. HCL – 2.2x
  3. TypeScript – 1.9x
  4. PowerShell – 1.7x
  5. Rust – 1.7x
  6. CMake – 1.6x
  7. Go – 1.5x
  8. Python – 1.5x
  9. Groovy – 1.4x
  10. SQLPL – 1.4x

Сепак Kotlin е далеку од Топ 10 јазиците по употреба.

Листата на програмски јазици не е премногу променета, иако може да се забележи скокот на TypeScript и падот на Ruby. Забележлив е и скокот на Python кој сега е на 3 место, пред PHP.

Извештајот на GitHub има и куп други интересни податоци за кои ќе пишуваме наскоро.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии