Спонзориран текст

Костандина Зафировска, генерален менаџер: Секој ден во IT Labs е заедничка и нова авантура

IT Labs е компанија во сферата на технолошката индустрија и постои од 2005 година. Каде бевте тогаш и каде сте сега како компанија? Каде IT Labs е позициониран во моментот во светот на развој на софтвер? 

Од почетокот на IT Labs пред повеќе од 15 години, соработуваме со различни компании од разни индустрии кои се лоцирани ширум светот. Почнавме со стартапи па сè до поголеми и повеќе етаблирани брендови. Работевме на помали проекти со помали тимови, но со текот на времето го развивавме нашето портфолио во повеќе сегменти и сектори, па тоа ни овозможи да се прошириме и да се развиеме. Ова ни овозможи да станеме главен двигател во дигиталната трансформација на нашите партнери и клиенти. Денес веќе нудиме услуги од широк спектар: од основни советодавни и консултантски услуги за деловни стратегии, сè до управување со целосниот животен век на развојот на софтвер, вклучувајќи одржување и поддршка. Низ годините, го проширивме нашето присуство во Источна и Западна Европа, Јужна Америка, опфаќајќи деловни центри во САД, Велика Британија и Холандија. Воедно, само што отворивме канцеларија и во Србија. Сметаме дека Србија има силен IT сектор и високо развиена деловна култура, што дополнително ќе ја зајакне нашата позиција и ќе ни овозможи да продолжиме да се развиваме како компанија. 

Костандина Зафировска, генерален менаџер на IT Labs

Со какви клиенти работите? Какви услуги им нудите? 

Нудиме широк спектар на услуги, од воспоставување на деловна агилност до дефинирање на деловната стратегија. Поконкретно, деловна анализа, архитектура на производ, развој, тестирање, DevOps и cloud strategy. Овде можам да  ги вклучам и безбедносните услуги, особено ако клиентот и неговата фирма се делумно или целосно “непокриени” во оваа област. Нашите експерти ги анализираат безбедносните системи и структури на компаниите клиент и развиваат безбедносни стратегии по мерка. Исто така, со развојот на технологијата и промените во пазарот, нашето портфолио на услуги се прошири, и сега вклучува наука за податоци и AI. Имаме тим експерти за анализа на податоци, наука за податоци, и AI, кои можат да влијаат позитивно врз приходите на производите на клиентот, преку оптимизирање на протоколите и анализа на податоците. На тој начин се води клиентот со помош на податоци, што му овозможува да ја зацврсти позицијата на пазарот. Она што не прави различни од другите компании е што ние не обезбедуваме само технички услуги на клиентите. Ние нудиме тимови од професионалци кои изведувале обемни проекти и постигнале резултати кои се мерливи и кои придонеле кон развојот на клиентот. Нема зошто клиентот да троши време и енергија во формирање и негување на тимови за одредени потреби, ние го правиме тоа за нив. Фокусирани сме на надминување на очекувањата на клиентот, и со тоа што ги третираме луѓето како најголемо богатство, можеме да гарантираме квалитет во испорака, иновативност, заштедено време, и ефикасност. 

Рековте дека сметате дека IT Labs е компанија водена од вредности? Дали се држите до тие вредности или само се добар мотивационен постер за во канцеларијата?

Интегритетот, извонредноста, проактивноста, иновативноста и луѓето – тоа се нашите вредности. Тие се длабоко вкоренети во нашиот начин на работа, ни даваат насока како да гледаме на бизнисот, и се основата на силниот тимски дух што го делат сите вработени. Сите овие големи вредности се камен-темелник на секоја наша деловна активност. Преку истите пристапуваме кон мерење на нашите активности и перформанси на лично и групно ниво, а тоа ни овозможува да ги  прилагодиме плановите за развој и да се осигураме дека нашите вработени ќе останат и мотивирани и среќни. 

Како што веќе кажав, ние сме компанија која ги исполнува поставените цели и фокусирани сме на обезбедување квалитетни услуги за нашите клиенти, но исто така и создавање на поволни услови  за вработените, и средина во која тие ќе можат да бидат максимално ефикасни и да се развиваат.Нашите луѓе сакаат да дејствуваат според нашите вредности и знаат да ги ценат резултатите и придобивките кои произлегуваат од истите.  И јас и многумина во компанијата чувствуваме и гледаме дека нашите вредности го трасираат патот на IT labs, го движат напред, и се дел од нашето ‘вистинско јас’. 

Дел од природата на секој бизнис е да расте и да се шири. Дали е тоа точно за IT Labs? 

Растеме и се прошируваме постојано, а следните чекори се во Србија. За нас, тоа е една од земјите на Балканот со огромен број на квалитетни луѓе со вештини и искуство во светот на технологијата, како и со одличен образовен систем кој развива врвни инженери. Навистина сме среќни што се шириме во таму бидејќи станува збор за земја од регионот која што го има најголемиот центар за развој. Развојните центри низ Балканот имаат многу сличности и врски, па токму поради тоа ова претставува еден добар и забавен предизвик за нас.

Дали мислите дека IT Labs можат да конкурираат на пазар каков што е српскиот? Што може оваа компанијата да ѝ понуди на српската ИТ заедница? 

Секако дека можеме. Сме го направиле тоа и порано, и научивме дека влезот на нов пазар не се разликува од која било друга цел што си ја имате зададено. Искреноста и посветеноста се нашите најдобрите карактеристики, и сметаме дека истите ќе ни помогнат во вмрежување со локалните релевантни субјекти, да дадеме поддршка каде што е потребно, и да работиме со локални стартапи и образовни институции. Знаеме како да се адаптираме на потребите на пазарот. Уверени сме дека српската заедница ќе не препознае како сигурен партнер, голем работодавач и бренд кој ќе придонесе за развој на локалната ИТ заедница. IT Labs се грижи за професионалните и личните цели на секој вработен, без оглед на позицијата или сениоритетот, и верувам дека секој нов вработен ќе го цени тој пристап.

Како некој станува дел од IT Labs? Што е потребно? 

Процесот на вработување е од особена важност за нас како компанија. Посветуваме особено внимание на сите кандидати за отворени позиции – без разлика дали сте свежо излезен од клупа, или сте ветеран во IT светот. Покрај техничкиот дел од интервјуто за вработување, акцент ставаме на вредностите кои ги има самиот вработен. Имајќи го тоа предвид, вратите на IT Labs секогаш ќе бидат отворени за кандидати кои ќе покажат потенцијал да ги живеат и негуваат овие вредности. 

Дали има простор за раст во компанијата? Дали вработените имаат шанса да ги постигнат своите лични цели и достигнувања? 

Растот е природен процес, нели? Нелогично е компанијата да расте, а вработените не. За нас, личниот и професионалниот развој се од исклучителна важност за секој поединец во IT Labs. Ова е дел од клучните причини зошто го охрабруваме, стимулираме и овозможуваме тоа за секој вработен во секој сектор. Имаме внатрешен проект наречен „Стратегија за среќа“, чија цел е наоѓање на „потребите и желбите“ на луѓето и потоа развивање на механизми и начини да се постигнат истите. Едноставно е – дајте им на луѓето поддршка и шанси да се истакнат, и вашите тимови ќе бидат подобри, посилни и поефикасни.

Ако можете да именувате три работи што одговараат на прашањето „По што се разликува IT Labs од другите компании во индустријата?“, што би рекле? 

Нашата уникатност лежи во тоа што сме фокусирани на решенија, а не на проблемот. Секогаш одиме чекор понапред за да најдеме нови, креативен начини на справување со разни предизвици кога работиме на проект. Го наоѓаме она што ќе го поттикне клиентот и ќе  му овозможи да ги постигне поставените цели. Исто така, за нас вработени се нашето најголемо богатство. Тоа значи дека, да, одржување на висок морал кај луѓето во IT labs, секогаш, мислам секогаш, се преточува во среќа и задоволство кај клиентите. Одиме дотаму што гарантираме членови на тимот дека клиентот ќе добие 95 отсто од нивното време. Останатите 5% се нивни што можат да ги користат за да се развиваат на личен или професионален план. Покрај ова, споделуваме знаење и искуства, и имаме квалитетна програма за менторство во рамките на компанијата. Нашиот проект „Idea Labs“ им овозможува на сите вработени слободно да истражуваат и да разменуваат идеи и концепти. Секако, ова се само дел од работите на кои сме горди.

Што носи IT Labs во IT заедницата? 

Нови идеи и богато искуство кои придонесуваат за растот и развојот на сите. А тоа секако доаѓа од луѓето. Имаме квалитетни луѓе во нашиот тим и обожаваме да ги споделуваме нивните вештини, искуство и мудрост со заедницата за да можеме сите заедно да учиме и да растеме. Разлики во идеи, мислења и пристапи го зголемува диверзитетот во една фирма, ја прави посилна. Колку поразлични, колку повеќе диверзитет, толку подобро за сите – во и надвор од нашата компанија и нашата заедница.Луѓето од IT Labs континуирано работат и на статии, споредби на технологии, документи, итн., повеќето од нив веќе се објавени на нашиот блог или веб-страница и држиме веб-работилници кои се отворени за јавноста. Нашите експерти се во тек со сите актуелни случувања во ИТ светот, и тоа ни помага да имплементираме, тестираме, и работиме со нови и постоечки технологи. Исто така, во тесна соработка сме со релевантни образовни институции како што се ФЕИТ и ФИНКИ преку нашата програма за споделување на знаење. Ние исто така поддржуваме непрофитни организации и како тим учествуваме во многу активности од типот на општокорисна работа. 

И, секако, нашата најголема гордост – подкастот „Исповеди на CTO со ТЦ Гил“ (CTO Confessions with TC Gill), каде што лидери од индустријата ширум светот ги споделуваат своите искуства во ИТ светот и нивниот пат до врвот. 

Ни раскажавте за минатото и сегашноста. Каде ја гледате компанијата во иднина? 

Поголема, подобра, посилна – кон ова се стремиме. Потребна е напорна работа и многу посветеност за да стигнеме таму, но со оглед на патот што го трасиравме заедно со и за целиот тим, знам дека по пет години, ќе погледнеме наназад знаејќи дека ги надминавме сите очекувања. Знаеме што треба да сториме – да продолжиме да ја прошируваме оваа среќна и инспирирана група на вработени, кои ги остваруваат своите лични и професионални цели во пријателско и радикално транспарентно опкружување.


Напомена: Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на IT labs. IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку и вие сте заинтересирани за објавување на промотивен текст за вашата компанија или производ, кликнете тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии