1 коментар 1 мин. читање

Косовската полиција патролира по патиштата со дронови

За поголема безбедност на патиштата во Косово, полицијата започна да патролира со дронови. Дроновите патролираат на патиштата кои се понепристапни, а овозможуваат и надзор на поголеми делови од патот.

Дронот лета пред полициската контрола и освен што го пренесува сигналот снима и видео од настаните на патот. Кога полицијата ќе забележи дека некој возач прави сообраќаен прекршок го застанува, му го покажува видеото од прекршокот на таблет и секако му ја дава казната.

https://www.youtube.com/watch?v=um-YqTxnvGY

Дали и колку примената на технологијата ќе помогне за поголема безбедност на патиштата и одговорност на возачите, останува да видиме. Секако целта е да помогне возачите да бидат повнимателни кога возат.

За споредба, полицијата во Албанија во градот Ѓирокастра со помош на дронови досега забележала 93 прекршоци на патиштата. За безбедноста на патиштата и прекршоците ќе може да донесеме заклучок подоцна, откако возачите ќе „научат“ дека полицијата можеби ги контролира и кога не можат да ја видат патролата и полициските возила.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top