Косово ќе го укине данокот на ИТ опрема

Со цел да станат поинтересни за инвестирање, косовските власти одлучија да го укинат данокот за увезената ИТ опрема. Ова ќе се однесува на опрема и резервни делови, а мерката стапува на сила оваа недела, јави DigitalSpoiler.

Мерката секако е во наска да го направи Косово поинтересно за инвестиции во ИТ секторот. Властите се надеваат дека со ова ќе привлечат и странски инвеститори во овој сектор.

Во Косово се размислува за преструктуирање на персоналниот данок и данокот на додадена вредност. Дополнително, сите компании кои увезуваат увезуваат суровини, полупроизводи и производни линии ќе бидат ослободени од царина и акциза.

Дали ова ќе биде доволно за Косово да стане центар на инвестициите во регионот останува да видиме. Сепак се чини дека почетокот на годината е во добра наска. Во јануари странските инвестиции во Косово биле 25.4 милиони евра, раст од повеќе од 11 милиони евра во споредба со истиот месец 2017 година (19.6).