Кошмар за Intel на почетокот на годината

Meltdown и Spectrе стануваат вистински кошмар за Intel на почетокот на годината. Минатата недела дознавме дека сите процесори произведени последните 20 години доаѓаат со безбедносен пропуст. Најподложни на пропустот се процесорите кои во овој период имаа и најдобри перформанси, процесорите на Intel.

Најголемиот проблем се чини Intel ќе го има поради однесувањето на директорот Брајан Крзанич. Тој пред објавувањето на пропустот продададе дел од акциите кои ги поседува во Intel. Поточно, продаде најголемо количество на акции кое законски беше дозволено. Доколку се покаже дека имал податоци за објавата, на г. Крзнанич ќе му се суди за злоупотреба на инсајдерски информации, јави Salon.

Проблемите продолжуваат

Tрендот продолжи и преку викендот кога куп компании излегоа со сопствени соопштенија.

Apple објави дека најголем дел од уредите кои доаѓаат со Intel и ARM процесор се подложни на пропустот. Единствено Apple Watch е безбеден уред. Компанијата објави дека so iOS 11.2, macOS 10.13.2, и tvOS 11.2 е намалена опасноста од Meltdown и Spectre. Со оглед на тоа дека компнијата продолжува да работи на безбедносни закрпи, се чини дека целиот проблем не е надминат.

Epic Games пак се првата компанија која излезе со соопштение по печовите на пропустите. Од претходно беше објавено дека закрпите ќе ги намалат перформансите на процесорите. Сепак од Epic велат дека намалувањето на перформансите е во близина на 20%. Ова е поблиску до максималната граница за која се зборуваше од 30% пад на перформасите, отколку до минималните 5% кој беа ветувани.

Image courtesy of EpicGames

„Сите наши услуги се опфатени со надградбите потребни за надминување на Meltdown пропустите. Сериозно се потпираме на сервиси во облакот за бекенд и можеби проблемите ќе продолжат и со следните надградби“, велат од Epic Games.

Но, лошите вести за Intel не завршуваат тука. Не само што секој процесор од 1995 е зафатен од пропустот, а нивните процесори се и најпогодени од Meltdown и Spectre, туку најавени се и тужби.

Причините за тужбите се едноставни. Безбедносните закрпи ќе ги намалат перформансите на процесорите. Тужби не само што се најавени, туку три се веќе и се поднесени во Калифорнија, Орегон и Индијана.

Компанијата ветува дека перформансите ќе се намалуваат во зависност од оптоварувањето и просечниот корисник не би требало да забележи разлика.

За да успеат тужбите, оштетените ќе мора да докажат дека има е нанесена штета. Доколку ова успее, оштетата која ќе мора да ја плати компаниајта најверојатно ќе биде забележителна.

Во прилог на ова е и тврдењето на дел од ескерите дека Meltdown е најголем безбедносен пропуст во историјата. Најверојатно тужба ќе поднесат и големите корисници: Amazon, Microsoft и Google, проценува Guardian.

Нови празни ветувања?

Intel вети дека до крајот на минатата недела ќе бидат готови безбедносните закрпи за 90% од процесорите излезени последните 5 години.

Дополнително, најголем дел од компаниите и сервисите веќе ги имплементирале безбедносните закрпи.

За жал, единствен начин за потполно надминување на проблемите е замена на процесорите со безбедни. CERT – Computer Emergency Response Team веќе објасни дека не постои начин за потполно надминување на пропустот преку закрпи. Единствен начин за надминување на пропустот е со замена со безбеден процесор.