Користете таблет како втор екран со Spacedesk

Имање два или три монитори еден до друг знае да го направи искуството значително попријатно и поефикасно, но што доколку немате ниту доволно простор ниту пак сакате да трошите пари за купување дополнителен монитор?

Spacedesk нуди интересно решение така што ви дозволува да приклучите и користите како втор екран таблет или, во ситуации на екстремен минимализам, телефон.

Авторите ја рекламираат Spacedesk како софтверска алатка за мрежно поврзување повеќе монотори. Користеќи wi-fi конекција, алатката може лесно да го споделува вашиот екран со екраните на некои други направи. Покрај идентично прикажување на екраните, може да се изврши и проширување, односно целата десктоп површина да се дели на двата екрани.

Spacedesk првенствено сјае со споделување екран на таблети од 10 инчи. Иако нема никаков проблем за споделување на 5.5 инчен екран на паметен телефон, површината се чини премногу мала и, за повеќето ситуации, непрактична.

За користење Spacedesk првин треба да се преземе и инсталира алатката на компјутер, потоа да се направи истото и на паметната направа, па да се поврзат и двете една-со-друга. Процесот е крајно едноставен и брз.

Две работи мора да се земат во предвид за Spacedesk. Прво, алатката е сеуште во бета и одредени неправилности во поглед на функционалноста сеуште се во игра. Второ, со оглед на тоа дека споделувањето на екранот е преку wi-fi, а податоците не се шифрирани, потребно е да сте особено внимателни затоа што и некој друг би можел да добие увид во вашите активности, особено доколку сте приклучени на јавна (public) или споделена (shared) мрежа.

За време на бета тестирањето, алатката е бесплатна, но таквото нешто се менува при крајот на годината, за кога се очекува алатката да излезе од бета. Тогаш, корисниците ќе имаат на располагање и бесплатна и платежна верзија на Spacedesk. Основната верзија ќе нуди споделување на само еден екран, а професионалната ќе биде со сите можности отклучена.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии