Користете Paint преку вашиот прелистувач

Во еден момент, Microsoft се изјасни дека планира целосно да го замени 32 години стариот едитор на слики Paint со новата 3D верзија. Таквата вест, претпоставувате, само ја разлути ордата од носталгични фанови и компанијата реши да се повлече од намерата и да ги задржи и двете верзии.

Во меѓувреме, Јspaint e исклучително корисна Windows 95 верзија на Paint до која пристапувате од кој било прелистувач. Палетата со бои се наоѓа на долната страна, а алатките за уредување се наоѓаат на левата и горната страна. Прикачените слики можете да ги ротирате или да им ја менувате големината, а во моментот штом завршите со вашите уметнички залагања, истото можете да го сочувате, да го поставите како позадина или пак да го испечатите.

Со Јspaint можете и да создавате .gif фајлови, да работите со .svg фајлови, како и да уредувате транспарентни слики. На располагање имате непресушни можности за undo или redo, а можете да ги овозможите сликите и за онлајн колаборација со други луѓе.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии