Користете го Google Digest календар за да бидете во тек со настаните од стартап светот

Google Digest календар сега е достапен и на стартапите од Македонија. Целта секако е да се креира централно место каде може да се дојде до податоци за настани и обуки за младите претприемачи од Македонија.

Календарот е дело на Стартап Македонија и треба да ги поврзе сите чинители на стартап екосистемот, не само во главниот град на нашата држава туку на регионално и на државно ниво. Со ова и да се поттикне и постепено да се помогне развојот на стартап потенцијалот во Македонија.

„Македонските стартапи сега ќе имаат можност да ги следат сите настани на едно заедничко место и лесно да ги добијат сите информации за тековни и претстојни настани, активности и обуки во Македонија кои му се потребни на стартап екосистемот. Наместо младите претприемачи да трошат часови во интернет пребарување за тоа каде и кога е следниот Startup Week, She Talks – Women In Tech или Global Initiative Business Trends, со овој календар сите податоци за ваквите настани ќе ги најдат на едно место“, вели Марија Димовска, проектен менаџер на Стартап Македонија.

Ваков календар на настани за Македонија недостасуваше и секако ќе биде добредојден за сите кои имаат сериозна потреба од локација каде ќе можат да погледаат што се организира, каде и кога. Секако клучно ќе биде настаните да бидат ажурирани редовно. Ако организаторите ги внесуваат настаните навреме, претприемачката заедница секако ќе го користи календарот.

Стартап Македонија е организација која работи да го поврзе и зајакне македонскиот стартап екосистем. Меѓу другото и преку дигитализација која ќе овозможи постојан проток на информации меѓу сите чинители во екосистемот. Startup Google Digest календарот се одржува со поддршка од Проектот на УСИАД за развој на деловниот екосистем.

1 коментар на “Користете го Google Digest календар за да бидете во тек со настаните од стартап светот

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии