Користете Android апликации и игри од вашиот компјутер, со NoxPlayer

Предност на бројните андроид апликации и игри е тоа што се вдомени во пренослив модел кој ви дозволува да им пристапите од каде било. Но, доколку сакате да ја искористите нивната функционалност директно од вашиот компјутер, потребен ви е Android емулатор. Ваквиот софтвер го покренувате од Windows околината, го избирате моделот на телефонот или таблетот кој сакате да го емулирате и ги преземате Android апликациите или директно преку продавницата на Google Play или како APK апликации. За остварување на ваквото нешто имате на располагање бројни емулатори, но три од нив особено се изделуваат: BlueStacks, Memu и NoxPlayer.

Од овие три, повеќето корисници би ви предложиле веднаш да се префрлите на NoxPlayer, највеќе затоа што нуди супериорно и брзо гејмплеј искуство, неколку скалила погоре од алтернативите. NoxPlayer се заснова на Android 4.4.5, оперативниот систем познат по името KitKat. Иако има многу понови оперативни системи, одлуката на NoxPlayer да оди со постариот брат е целосно оправдана, особено доколку земете во предвид дека KitKat нуди солидна компатибилност со (скоро) сите Android апликации. Апликациите и игрите кои се покренуваат преку NoxPlayer ги управувате со тастатура или гејмпад, а лесно можете и да ја снимате вашата активност.

Најновата, шеста верзија на NoxPlayer располага со забележителни надградби на софтверскиот енџин, како би се создале услови за подобра искористеност на меморијата, а со тоа и подобрување на перформансите. Оние кои се по мрежни игри, ќе наидат на подобра поддршка и нова функција за таканаречениот „синхронизиран гејмплеј“. Дополнително, авторите имаат овозможено и целосна подршка за OpenGL3 игри и соодветни исправки на проблеми со компатибилноста.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии