Користење на командата „syskey" во Windows

Вклучување на Syskey заштита на SAM фајлот: (чекор по чекор)

1. Креирајте backup копија од Регистарот (Registry) пред комплетирање на следните чекори. Именувајте ја копијата под име “pred-syskey” и складирајте ја на сигурно место. Единствениот начин за враќање на SAM заштитен со syskey услугата е со помош на импортирање на веќе направената копија “pred-syskey”.

2. Проверете го Service Pack-от инсталиран на вашиот оперативен систем. Вклучувајќи го најновиот Service Pack на вашиот оперативен систем овозможува додавање на кодот за користење на Syskey услугата.

3. Кликнувате Start > Run и пишувате: syskey и притискате Enter.

4. Во прозорецот што ке излезе селектирајте Encryption Enabled.

5. Кликнувате на копчето Update.

6. Зависно од вашите потреби, селектирате една од трите опции:

  • Passoword Startup
  • System Generated Password ( Store Startup Key on Floppy Disk)
  • System Generated Password ( Store Startup Key Localy)
>
  • Password Startup овозможува креирање на своја лозинка и потврда за истата со што на секое рестартирање на компјутерот пред вчитување на оперативниот систем ќе биде барано од Вас да ја внесете лозинката која што сте ја креирале. (се препорачува лозинката да биде во алфа-нумеричка форма со користење на знаци, големи и мали букви и долзината да биде минимално до 8 карактери)
  • Store Startup Key on Floppy Disk овозможува генерирање на лозинка од страна на системот и складирање на лозинката на floppy дискета, која што ќе Ви биде потребна за стартување на системот без интервенција на корисникот.
  • Store Startup Key Localy овозможува генерирање на лозинка и складирање на истата локално во системот при што не бара никаква интервенција од корисникот.

7. Рестартирајте го вашиот систем за прифаќање на измените.

SAM фајлот можете да го најдете на 3 места во вашиот систем и тоа:
– C:WINDOWSSYSTEM32CONFIG или C:WINNTSYSTEM32CONFIG
– C:WINDOWSREPAIR или C:WINNTREPAIR
– Во Регистарот (Registry): HKEY_LOCAL_MACHINE > SAM > SAM

Иако овој фајл е заклучен постојат разни видови на откривање на самата база на податоци со помош на кракерски техники од страна на посебни алатки од кои најпознати се: L0phtcrack, John The Ripper, PWDump3e и др.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии