Користењето на податоците на корисниците од Facebook е забрането во Германија

Facebook нема да смее да ги користи податоците на неговите корисници од Германија. Ова е одлуката на Берлискиот окружен суд, пренесува Reuters.

Германскиот суд донесе одлука која вели дека друштвената мрежа не е довлно јасна кога ги известува своите корисници дека ги собира нивните податоци. Сличен е ставот и на германската агенција за заштита на потрошувачите.

Некои од основните нагодувања на друштвената мрежа и правила за користење, не се во склад со законите во Германија.

„Facebook ги крие основите нагодувања кои не се соодветни за приватност на корисниците во центарот за приватност. Кога корисниците се регистрираат не им се прикажуваат доволно податоци. Ова не ги исполнува уловите за информирана согласност“, велат од Агенцијата за заштита на корисниците.

Секако Facebook ќе ја обжали оваа одлука пред судот. Претставникот на друштвената мрежа додаде дека работат на подобрување на правилата за приватност за да бидат исполнети и европските закони.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии