Корисниците сакаат фитнес додатоци, но не и паметни часовници

Презентацијата на Apple Watch наликуваше многу повеќе на презентација на фитнес алка, отколку на паметен часовник. Ова не беше случај со претходната верзија, кога Apple се обидуваше да пронајде куп различни примени за часовникот.

Причината за ова можеби е пазарот кој го губи интересот за паметни часовници. Интересот за фитнес додатоци е зголемен, покажува анализата на продажбата на преносни уреди на IDC. Продажбата на преносни уреди е со пораст од 48 отсто, но часовниците и останатите паметни додатоци забележуваат пад од 27 отсто.

Листата на најпродавани уреди е речиси непроменета. На прво место останува Fitbit, а на второ Xiaomi, јави Readwrite. Apple е единствената компанија во топ 5 која продава паметни часовници, но и тие забележуваат пад од 56 отсто во однос на минатата година. Причина за ова можеби е чекањето на корисниците за новиот часовник кој наскоро и ќе биде достапен. На листата на најпродавани се и Garmin и TomTom.

Можеби најголемиот проблем кој го имаат часовниците е што имаат куп примени, но не успеваат да бидат навистина добри во ниту една. За разлика од ова фитнес додатоците се добри во една или две, но во нив се навистина добри.

Паметните часовници се присутни неколку години, но не успеваат да го пронајдат својот пазар. Една од причините за ова се можеби и куп бескорисни функции кои корисниците се обидуваат да ги вметнат на уредите, од нотификации до камера. Ова далеку подобро го овозможуваат паметните телефони. Нема никаква причина за уште еден уред со исти функционалности, кои се прават барем малку полошо.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии