Корисниците на Linkedin станаа мета на фишинг измами

Измамници го искористија инцидентот со украдените 6,4 милиони лозинки од Linkedin за да ги спамираат корисниците со имејл фишинг измами. Многу корисници на LinkedIn добија лажен имејл, наводно од LinkedIn, во кој се вели дека треба да го потврдат својот имејл на сајтот. Наместо на LinkedIn, корисниците се префрлуваат на друг сајт кој продава нелегални лекови како Viagra.

LinkedIn призна дека има пробивање на 6,5 милиони лозинки, им се извини на корисниците и ги замоли да си ја променат лозинката. Корисниците на пробиените профили ќе добијат мејл од Linked со инструкции како да си ја променат лозинката.

Но, без врска дали ќе добиете мејл или не од LinkedIn, можеби е паметно да си ја промените вашата лозинка. Отидете во Settings и oд тука променете си ја лозинката. Дополнителен совет кој треба да го практикувате и да го апдејтирате анти-вирусот и да се поврзувате со луѓе кои што ги знаете и им верувате.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии