Корисниците победија, Microsoft ќе го врати Start менито во Windows

На барање на милиони корисници Microsoft ќе го врати Start менито во Windows. Новото мени ќе биде хибрид од Windows 7 и Windows 8, со мени како на „седмицата“, но и дополнителни live tiles на десна страна од лентата, вели Microsoft.

Заедно со ова ќе биде интегриран и нов мод на работа кој ќе овозможи новите апликации од Windows Store да работат во сопствени прозорци во Windows 8.1. Освен ова најавено е дека во Windows се враќа работата со глувче и тастатура. Сите на кои им се допаѓа сегашниот изглед на оперативниот систем ќе можат да го задржат, велат од Microsoft. Најавените промени нема да дојдат набрзо, туку во некоја подалечна надградба на оперативниот систем или во Windows 9, јави Verge.

[youtube]QKTlOYjmiZo[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии