Корисни Android апликации: 3G Watchdog, HomePipe, CallTrack…

3G Watchdog

3G Watchdog е бројач на остварен мобилен интернет сообраќај (3G, Edge, GPRS). Оние кои што користат мобилен интернет знаат дека нашите мобилни оператори не се дарежливи во однос на цената на мобилниот интернет.

3G Watchdog има можност автоматски да оневозможи (преку APNdroid или JuiceDefender) пренос на податоци по надминувањето на лимитот кој вие сами го поставувате. Прикажува остварен сообраќај на дневно, неделно и месечно ниво… 3G Watchdog e апликација која, доколку сте активен корисник на мобилен интернет и сте чувствителни кон вашата месечната сметка, е пожелно да ја имате.
 

 

HomePipe

HomePipe е апликација која се конектира на вашиот десктоп компјутер и со тоа ви овозможува пристап до се што имате снимено на тврдиот диск. Бидејќи HomePipe не ги зачувува вашите фајлови на трет cloud компјутер (принципот на кој што работат сервиси како DropBox), вашиот десктоп компјутер треба секогаш да е вклучен и да има активна интернет врска. HomePipe ги “стрима” фајловите директно од десктоп компјутерот кон вашиот телефон во моментот кога ви се потребни.

За да функционира HomePipe на вашиот Android телефон, потребно е да се регистрирате на www.homepipe.net и да го инсталирате десктоп клиентот на оној компјутер до кој сакате да имате пристап. Кога ќе го направите ова, преку веб страната ги додавате папките (можат да се додадат и цели партиции) кои ви се потребни.
 

 

CallTrack

Доколку некогаш ви било потребно да дознаете кога точно сте вртеле некому или кога ви вртеле на вас (пр. за проблем со интернет провајдер .), тогаш CallTrack е апликација за вас.

CallTrack ги запишува сите дојдовни, појдовни и пропуштени повици директно на вашиот Google календар. Запишува со кого сте разговарале, времетраењето на разговорот и точниот датум и час.
 

1 коментар на “Корисни Android апликации: 3G Watchdog, HomePipe, CallTrack…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии