Корисен софтвер за малку пари, од Humble Bundle

Во случај да барате легален и исклучително корисен, а евтин софтвер, најновиот пакет од Humble Bundle би можел да ви излезе во пресрет.

Humble Lifehacker Software Bundle содржи девет софтверски решенија за разубавување на изгледот на вашиот оперативен систем, но и за подобрување на неговата функционалност и безбедност.

Во првата платежна група и за цена од еден долар добивате програма за побрзо и попрецизно пишување, Breevy, програма за групирање икони, Fences, програма за поставување визуелно импресивни заднини, дури и во форма на видеа, DeskScapes, како и исклучително интересен менаџер за фајлови, Directory Opus 12 Light.

Во случај да сакате да платите малку повеќе, за цена од осум долари ги добивате горните софтверски апликации, но и програмата за олеснета работа на повеќе монитори, DisplayFusion, годишна претплата за феноменалниот LastPass менаџер за лозинки, како и годишна претплата за користење на услугите на CyberGhost VPN.

untitled

Оние кои се спремни да го отворат третиот платежен столб од петнаесет долари,  добиваат годишна претплата за солидниот програм за правење целосен бекап, Acronis True Image 2017, но и едногодишна претплата на еден од подобрите антивирусни решенија, Bitdefender Antivirus Plus 2017.

Купување на Humble Lifehacker Software Bundle ви дава ваучер за 10% поевтина претплата за Humble Monthly пакетот, како и можност вие да одредите каде да отидат парите и за која добротворна цел да се искористат дел од средствата.

Промоцијата за Humble Lifehacker Software Bundle ќе трае до 15 ноември.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии