Koplayer покренува мобилни апликации и игри во Windows

И Windows и Android платформите се исклучително богати со апликации и игри, а нивната масовна достапност до корисникот, како и уникатноста на платформите, има допринесено до значителни форми на ексклузивност. Токму поради тоа одредени апликации и игри се прават само за одредена платформа, со механики кои ги земаат во предвид предностите на платформата. Но, доколку, од некоја причина, сакате да покренете Android апликација или игра во Windows околина, потребна е употреба на таканаречени емулатори.

Koplayer е емулатор кој ви дозволува да покренувате мобилни игри и апликации на Windows. Таквите апликации може да се или достапни на Google Play или пак да се преземени во APK (Android Aplication Package) форматот од одредени сајтови.

Koplayer поддржува напредни функции како OpenGL и хардверска акцелерација. Паралелно со ова, нуди поддршка за повеќе акаунти, поддржува снимање видеа, како и употреба на гејмпади и тастатури.

Најновата, втора верзија го надградува системот на Marshmallow (верзија 6) и поправа одредени проблеми кои се јавуваа како резултат на компатибилноста.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии