Копање во податоците потврди дека корупцијата е поврзана со богатството

Благодарение на истражувањeтo на Михаел Паулс и Ладислав Криштуфек од Чарлс Универзитетот во Прага, за прв пат е пронајдена корелација помеѓу корупцијата во различни држави и нивниот економски развој, пренесува Technology Review. Врз основа на добиените резултати професорите доаѓаат до заклучок дека перцепцијата на корупција во една држава коренспондира со споредбата на БДП по жител. На кратко, во богатите земји има помалку корупција, иако истражувањето конечно дава и одговор на прашањето кое социјалните истражувачи не можеа да го одговорат, односно поврзаност на корупцијата со други показатели.

Во своето истражување се користени податоци од Transparency International, а благодарение на нови „cluster-search“ алгоритми успешно се препознаени државите кои споделуваат слични својства. Истражувањето покажало дека сите 134 држави кои биле дел од истражувањето успешно влегуваат во четири групи кои соодвествуваат на богатството на државите во овие групи.

Во првиот кластер се САД, Велика Британија, западните членки на ЕУ, Јапонија, Австралија, Нов Зеланд, Сингапур и Чиле. Сите држави од оваа група имаат БДП по глава на жител во просек 52.138 долари. Во оваа група нема држави од Африка, а единствена држава од Ј. Америка е Чиле која сепак е најразвиена држава во регионот. Рејтингот на корупција во овие држави е низок или 83 поени. Втората група е составена од држави како Малта, Словенија, Шпанија, Португалија од Европа, Кувајт, Оман и Боцвана од Африка, а БДП по глава на жител е 23.521 долари. Корупцијата во овие држави во просек е 59 поени.

Третата група е со БДП по глава на жител од 9.571 долари, тука се Чешка, Полска латвија, Италија, Грција, Мароко, Египет и Тунис. Нивото на корупција е високо во просек 41 поен. Последната група е со највисоко ниво на корупција 24 и во неа се: Русија, Белорусија, Молдавија, Украина, Кина, Индија, голем дел од државите во Африка, но и членки на ЕУ – Бугарија и Романија. Во оваа група се релиси сите авторитарни режими: Сирија, Иран, Северна Кореа и слично. БДП по глава на жител во оваа група е просечни 3.888 долари, со огромни разлики на пример Русија има 14.090 а Малави 287 долари.

Прашањето на кое сега ќе треба да одговорат истражувачите е која е причината за поврзаност помеѓу овие показатели и дали државите се сиромашни бидејќи има корупција или има корупција бидејќи се сиромашни?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии