Конзола на иднината: Steam Machine ги доби првите позитивни рецензии

Valve e решен да им се спротистави на гејминг конзолите со своја машина, но Steam Machine се уште не е на нивото на Xbox и Playstation. Првите импресии за конзолата и контролерот, кои Valve ги претстави минатиот месец, им се наклонети на двата уреди, а дел од рецезентите велат дека со нетрпение го чекаат јануари кога ќе биде презентирана финалната верзија на Steam Box, но и првите игри кои ќе бидат достапни за Linux.

Steam Machine, или популарно Steam Box, всушност е десктоп компјутер кој е сместен во кутија која е нешто поголема од конзолата на Microsoft, Xbox 360. Инженерите на Valve успеја во релативно малoто куќиште да ја сместат и огромната GTX Titan графичката карта од Nvidia. Решението е во засебна вентилација за процесорот, напојувањето и графичката карта, нешто што и покрај тоа што е логично, не е имплементирано во најголем дел од конзолите и компјутерите.

Покрај Steam Box, Valve креира и контролер кој ќе го олесни играњето и треба да ги замени глувчето и тастатурата. Токму контролерот треба да биде примарна иновација на повторното раѓање на десктоп како платформа за играње во дневната соба, вели The Verge. Финалната верзија на контролерот сè уште е во доработка, но пред да се решат за оваа верзија Valve разгледувале десетици други форми и облици за контролери, од контролер кој може да се раздели на два дела, до контролери кои се управуваат со две раце. Иако основната идеја на Valve беше револуционерен нов контролер, се откажаа од тој план во корист на многу подобро решение – Контролер со кој ќе може да работат најголем дел од Steam игрите.

„Не дека контролите не работат добро, едноставно не сме навикнати. Тачпадот е изненадувачки прецизен и може да очекуваме игрите во прво лице и останатите кои се подобри за играње со глувче да станат подобри за контролирање отколку со аналогните стикови.“

Според првите впечатоци кои ги сподели Verge, конзолата е способна колку и десктоп комјутерите, а не постои разлика помеѓу Linux (Steam OS) и Windows играњето. Финалната верзија на конзолата излегува во јануари, а ќе биде презентирна на Consumer Electronic Show 2014. Првите конзоли би требало да се најдат во продавниците на средина на 2014. Доколку сепак не сте импресионирани од конзолата, не треба да се грижите, Valve објави дека немаат намера следните наслови како Half-Life 3 или Left4Dead да ги издаваат ексклузивно за Steam Box.

[youtube]eeAjkbNq4xI[/youtube]

4 коментари на “Конзола на иднината: Steam Machine ги доби првите позитивни рецензии

  1. Само графичката картица GeForce GTX Titan чини околу 1000 американски долари, а за останатите компоненти на конзолата па да не правиме муабет.

    Едноставно не ми е јасно како мислат Valve да им конкурираат на Xbox One, кој чини 500 американски долари, и на PlayStation 4, кој чини 400 американски долари, со конзола од која само графичката картица чини 1000 долари ?

    Првото нешто што ќе се запраша секој гејмер самиот себеси ќе биде:

    Дали ми е исплатлива оваа инвестиција за оваа цена ?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии