Конзервативниот Тексас дозволи тест на автономни возила без возачи

Тексас е втората сојузна држава по Мичиген која дозволи тестирање на автономни возила без возач. Ова ќе им овозможи на производителите да тестираат возила со четврто ниво на автономија.

Дозволата сепак доаѓа со неколку предуслови:

  • Производителот мора да ја прифати одговорност за незгодите на патот и сообраќајните прекршоци кои ги прави возилото. Исклучок е ако некој го модификува возилото.
  • Возилото мора да може да почитува и следи сообраќајните правила.
  • Автономното возило доаѓа со камера која постојано снима.

Дополнително секое од возилата треба да биде осигурано на најмалку 1 милион долари, јави Texas Tribune.

Засега не може да се тестираат возила при лоши услови на патот, ова е последното петто ниво на автономија. Властите во Тексас веруваат дека со воведување на автономните возила, патиштата и сообраќајот ќе бидат побезбедни. Ова е една од причините поради кои Тексас дозволи тест на возила без возач.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии