Конвертирајте видео содржини со Any Video Converter Free

Обично, денешните програми за репродукција видео содржини се одликуваат со поддршка за најразлични формати. Тука и таму, меѓутоа, се случува да некој видео формат не може да биде прочитан од апликацијата која ја користите. Поради тоа, ви треба апликација која брзо и едноставно ќе го промени форматот на видеото и ќе ви дозволи непречено прегледување.

Any Video Converter Free е бесплатна алатка која не дискримири во поглед на видео форматот и ќе ви пружи услови за конверзија и играње со MP4, MKV, WMV, AVI, FLV, HTML5, WEBM, и многу повеќе. Паралелно со ова, можете да преземате видеа и музика од стотици онлајн извори, како YouTube, Facebook, Vevo, Vimeo. Нормално, тоа што ќе го преземете од тука, можете да си го конвертирате во каков било формат, па дури и да си го овозможите за прегледување на направи како iPad, PlayStation 4, Samsung Galaxu S10, Kindle Fire, и така натаму.

main window

Any Video Converter Free е одлична алатка и за скратување видеа, намалување на нивната големина, ротација, или спојување неколку кратки видеа во едно долго. Доколку сакате, лесно можете да вметнете и преводи, водени жигови, или аудио траки. Нема да бидете разочарани ни доколку сакате да ги извлечете аудио песните од CD-а, како и да „режате“ филмови на DVD-a.

Најновата, седма верзија на алатката се поднови со поддршка за преземање HD и 4K видеа од интернет, ја забрзува севкупната работа преку програмот и исправува неколку проблематични багови кои тврдоглаво се проблекуваа во претходните верзии.

Crop the video

За побрза конзверзија и поразновидна поддршка на формати и дополнителни опции, имате на располагање професионална и ултимативна верзија, но нивното користење бара финансиска посвета која се движи од 45 до 55 евра. И двете вакви верзии можете бесплатно да ги проверите на одреден период.

Со оглед на огромната флексибилност на Any Video Converter Free, внимавајте да не го користите за нелегални цели и, во процесот, да нарушите авторски права.

Import videos from internet

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии