Конвертирајте фајлови со Convertilla

Бројот на аудио и видео формати е зашеметувачки висок. Како резултат, некој фајл е во формат кој никако не одговара за вашиот хардвер, или софтверски плеер. Она што се препорачува во тој момент е да го конвертирате фајлот во некој од поддржаните формати.

Convertilla е мала алатка со огромни можности. На брз и едноставен начин, можете да конвертирате најразлични аудио и видео фајлови во бројни формати кои би биле соодветни за правилна репродукција.

По покренување на апликацијата, кликнете на копчето Open за да го лоцирате саканиот фајл преку ново-отворениот прозорец. Од тука, изберете го форматот во кој сакате да биде конвертиран, како и квалитет и големина (size). На долната страна од плеерот, веднаш над копчето Convert, можете да изберете каде да биде фајлот сочуван. Еднаш штом сте задоволни, кликнете на Convert и почекајте процесот да заврши (нормално, времето на траење зависи од големината на самиот фајл).

Најновата верзија на Convertilla се одликува со целосна поддршка за WEBM и ADF конверзија, не дека би можело баш ова да ви треба, но, знаете како викаат, од вишок, глава не боли. :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии