Концепт автомобилот на Sony e првото изненадување на CES

Љубителите на електроника и техника веројатно веќе и знаат дека започна најголемиот саем во индустријата CES. Првото изненадување дојде на денот на отворање од Sony, можеби очекувано ќе беше да дознаеме нешто за PlayStation 5,  но наместо ова можевме да го видиме Vison-S, прв автомобил од компанијата.

Ова секако не значи дека Sony станува производител на автомобили, Vison-S е концепт возило кое треба да ги претстави можностите на електрониката на Sony. Електричниот автомобил доаѓа со 33 сензори од Sony. Комбинацијата од CMOS оптички сензор со висока резолуција, solid state лидар и  радар, сензор за растојание/длабочина (time of flight) помага за поголема безбедност и Sony го нарекува безбедносен „кожурец“.

Иако овој склоп на сензори за поголема безбедност е навистина импресивен сепак е само дел од системот на Sony. Возилото има луд систем за забава кој не само што има куп дисплеи туку со помош на сензорите и пресметки се овозможува и најдобриот ауди систем. Возилото со сензорите прегледува кои седишта се користат и го прилагодува звукот за најдобро искуство.

Vison-S има огромна табла со дисплеи, панели за ретровизорите и за заден поглед и слично.

Што се однесува до самото возило станува збор за електричен седан со батерија доволна за 480 километри помеѓу полнењата. Но ова секако не е клучно за концепт возилото кое треба да ги покаже можностите на остатокот од опремата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии