Рокот за пријавување на номинации беше до денес, 2 февруари, кога норвешки парламентарец Сноре Велен најави дека Нобеловиот комитет ја одобри номинацијата за Wikileaks.
„Со објавување информации за корупција, нарушувања на човечките права и војни злочини, Wikileaks е природен конкурент за Нобеловата награда за Мир.“, вели г. Вален ставајќи го сајтот меѓу инспиративни личности, политичари и борци за човекови права, и од лани претседателот на САД, Барак Обама, кој го осуди Wikileaks за објавувањето на документите.
Во моментот, Wikileaks се уште има проблеми со донациите, откако Visa, МasterCard и други ги блокираа донациите за сајтот, додека основачот Џулијан Асанж се наоѓа во домашен притвор во Англија каде чека судење за екстрадиција во Шведска каде е обвинет за силување. Г. Асанж се бори против екстрадицијата бидејќи верува дека шведските власти ќе го предадат на САД каде може да биде осуден за „шпионажа“. Во САД дури имаше и јавно повикување за убивање на г. Асанж.