Контроверзниот Ким Дотком објави тизер за новиот Megabox

Само што му дозволија да користи интернет во својот дом, големиот човек што стоеше позади Megaupload,го најави своето враќање со еден мега проект наречен Megabox.

Со овој сервис, тој ќе им овозможи на музичарите својата музика да ја продаваат на нивните слушатели, а судејќи според Ким Дотком кој веќе има неколку ексклузивни договори со неколку музичари, ќе видиме како ќе се носи со конкурентите во оваа област, како што се iTunes.

Од прилика како ќе изгледа новиот сервис можете да видете од видеото подолу на кое се прикажани како се собира група програмери и дизајнери и го развиваат Megabox.

Што се однесува до неговото апсење и судење, најновите вести што доаѓаа од Нов Зеланд се дека премиерот Џон Ки му се извини на Ким Дотком бидејќи властите нелегално го прислушувале. Oва нелегална пракса на следење е уште еден удар врз обидите на американските власти да го екстрадираат Ким Дотком во САД. Претходно новозеландски судија пресуди дека налогот за апсењето бил нелегален.

[youtube]Kw04ckfO-yA[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии