Контроверзнaта услуга Facebook Photo Magic сега е достапна и во Македонија

Aлгоритмот за препознавање на лице сега е додаден во Facebook Messenger, и е активиран глобално – освен во Канада и Европа каде властите се загрижени дека функционалноста ја нарушува приватноста на корисниците. Доколку му дозволите, Photo Magic ќе може да ги скенира сите фотографии кои ги имате во телефонот, и ќе ве информира доколку на некоја од нив препознае некој ваш Facebook пријател. Тоа би требало да ве мотивира да ја споделите фотографијата и да ги тагирате пријателите.

Photo Magic е достапен и во Македонија, а доколку не сте ја добиле пораката со која Facebook ве известува за новитетот, Photo Magic може да го активирате од Messenger>Settings>Photos & Media>Photo Magic. Алгоритмот за препознавање е истиот кој се користи за сугерирање на „tag“ во фотографиите, објаснува Facebook. Дополнително Messenger сега овозможува и промена на боите на пораките, додавање на прекари за пријателите и слично. Функцијата е помалку скриена, бидејќи ретко кој ги отвора информациите за разговор.

Но промените не завршуваат тука, Facebook на брендовите ќе им овозможи функционалност за live video stream, за разлика од другите надградби оваа за почеток ќе биде достапна само на iOS. Засега надградбата доаѓа на верифицираните фан страни, но промените веќе започнуваат и на сите останати профили.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии