Контрола врз вашите мејлови со Edison Mail

Edison Mail се рекламира како најдобриот и-мејл клиент за вашиот мак, но покрај тоа што нема да имате проблем да ја симнете апликацијата и за Android, моментно се работи и на верзија за Windows 10.

Клиентот Edison Mail можеби не е најдобар, но во поглед на дизајнот и функционалноста, се наоѓа исклучително блиску до тронот.

Апликацијата поддржува неограничен број од и-мејл акаунти, а се одликува и со крајно едноставен начин за отстранување од листи за понатамошно добивање мејлови (се мисли на unsubscribe опцијата). Паралелно со ова, можете и да блокирате read receipts, односно известувања кои го информираат праќачот дека сте го прочитале мејлот. Исклучително корисно доколку не сакате да ги информирате дека сте ги прочитале нивните пораки.

Би можеле да помислите дека Edison Mail е релативно нов на пазарот, но всушност се работи за истата алатка која претходно беше позната под името EasilyDo Mail. Тимот зад клиентот се удира во гради дека клиентот е исклучително моќен и нуди максимална ефикасност и слобода при справување со бројните мејлови водејќи, притоа, посебно внимание на вашата безбедност.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии