Контрола над вашата приватност со Jumbo

Како релативно нова апликација, која моментно се испорачува само во iOS форма, Jumbo ветува да ви се најде за сите ваши потреби за приватност, особено кога се работи за вашите активности низ социјалните мрежи. Нема ништо лошо во споделување мисли и постови, но одредени стари постови можат да имаат и те какви последици во иднина. А, можат да откријат и одредени работи за вас кои би сакале да останат приватни.

Jumbo е алатка која ветува да го исчисти вашиот дигитален живот. Во форма на дигитален асистент, кој функционира само во iOS околина, ќе можете да го избришете вашиот отпечаток низ неколку клучни социјални мрежи и онлајн сервиси. Исклучително брзо, Jumbo послушно ќе ги отстрани сите ваши стари твитови и слични активности и ќе ги архивира во вашата мобилна направа. Може и да ја одстрани вашата пребарувачка историја преку Google. Што се однесува за Facebook, Jumbo сѐ уште не може да брише стари постови, но нуди опции за подобра имплементација на опциите за приватност.

За да го овозможи сево ова, Jumbo не ги чува или процесира вашите податоци на нивни сервери. Апликацијата е осмислена да функционира во затворен круг и податоците остануваат само на вашиот iPhone, односно iPad.

Најновата верзија на Jumbo се одликува со подобрени параметри за зголемена приватност на Twitter, Google Search и Alexa. Паралелно со ова, полесно можете да отстраните таргетирани огласи и геолокациско следење преку Google акаунтот. Предната страна е значително попрегледна, а сите операции се подобро оптимизирани и забрзани. Во иднина се планира и Android верзија, како и проширување на листата со поддржани социјални мрежи и сервиси.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии