Конкурентот на Uber, Taxify влегува во Хрватска

Дејан Соколоски

во Свет

Естонскиот конкурент nа Uber, Taxify се шири во регионот. По Србија, влезе и во Хрватска, а компанијата веќе објави огласи во кои бара менаџер за Хрватска, јави Netokracija.

За разлика од Uber кој е конкурент на такси возачите, Taxify е платформа наменета токму за нив. Овозможува спојување на превозницитте и патниците кои бараат такси. Дополнително со апликација може да се закажува превоз, да се оцени таксистот и да се изврши наплата.

Најголeма предност на Taxify пред Uber е понискот процент кој им го зема на таксиситите. Така Taxify зема 15%, а Uber 20%. За возачите е овозможен и радиус на оддалeченост, што овозможува да можат да соберат патници кои се поблиску до нивниот дом.

Дополнително компанијата има оддел за компании на кои им овозможува месечна претплата за превоз.

Taxify започна од балтичките држави, но веќе е распространет во над 30 држави во Европа, во Африка, Јужна Америка и Австралија. Кога официјално ќе отвори во Хрватска заcега е непознато.

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии