Конкурентот на Photoshop, Affinity Photo од OS X пристига и на Windows

Софтверот за цртање Affinity Photo, конечно пристига на Windows. Засега станува збор за бесплатна бета верзија, отворенa за сите. Верзииите за OS X и Windows се компатибилни, па сликите можат да се обрабoтуваат од еден на друг уред без проблем. Софтверот е алтернатива на Photoshop и иако е многу поевтин, не заостанува зад можностите.

Софтверот има над 230.000 преземања од iTunes и оценка 5 од 5. Верзијата за Windows е идентична со Mac. Основните карактеристики на Affinity Photo се „non-destructive“ уредување на сликите, RAW процесирање и „end-to-end“ колор менаџмент.

Цената на софтверот за OS X е околу 50 долари, најверојатно по излегување од бета фазата волку ќе чини и на Windows.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии