Конкурентот на Dropbox, BitTorrent Sync e симнат над 10 милиони пати

BitTorrent објави нова верзија, 1.4, за својот Sync сервис, која сега го олеснува споделувањето на содржина. Компанијата на својот блог објави и дека алатката за споделување на големи фајлови веќе стигна до бројката 10 милиони преземања.

Новитет во верзијата 1.4 – за сите десктоп и мобилни платформи – е воведувањето на линкови кои ќе го олеснат споделувањето на содржини. Корисниците отсега ќе можат да споделуваат содржини без да имаат профил, а линковите можат да се споделат преку имејл или со едноставно копирање на линкот и препраќање преку било која платформа. Споделувањето ќе биде толку едноставно што се што ќе треба да направат корисниците е да кликнат на фолдер и да одберат „Share with BitTorrent Sync“, по што ќе можат да одберат начин на споделување на линкот. Корисникот може да одреди период во кој содржината ќе биде достапна за преземање или да го ограници со број на симнување. Споделувањето на содржини со клуч и понатаму е достапно до корисниците.

Примачот на линкот треба единствено да притисне на линкот, а програмот понатаму ќе го води низ останатите чекори. За постарите верзии на BitTorrent Sync ќе бидат известени дека е потребна надградба. Целиот трансфер оди преку Sync, а надвор од апликацијата се споделува единствено името на фолдерот и неговата големина. Новитет е споделувањето на содржини преку прокси сервер.

[youtube]044jIZfnyqQ[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии