Конференција за следење на луѓе

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}На хакерска конференција која треба да се одржи во Jуни ова лето во Њујорк за првпат на официјално и јавно ќе се тестира концептот за следење на луѓе. Овој социјален експеримент ќе се изврши со ставање на посебни беџови во кои ќе се наоѓаат електронски направи за следење на сите присутни на оваа конференција.

Целта на учесниците ќе биде сепак да пробаат да ја заштитат својата приватност на било каков начин, односно да најдат ранливости во овој систем за следење. Резултатите од следењето ќе се прикажуваат во реално време и истите ќе бидат јавно прикажани на посебни екрани.

Технологијата RFID за првпат ќе биде ставена на ваков тест и ваквите концепти, кои најавуваат можен пат кон иднината, во последно време се се почесто дискутирани и критикувани. Едната страна верува дека ова е неминовен процес кој едноставно ќе ја зголеми безбедноста насекаде околу нас, с другата пак го оспорува ова и вели дека бездруго ова е еден вид нож со две острици и верува дека воведување на RFID технологијата е премногу опасно за човештвото.

И покрај огромната прашина за RFID која се крена досега, оваа технологија допрва ќе се развива и ќе го доживува својот успех, или пак неуспех…

Дефинитивно ќе биде интересно на конференцијата "Последната надеж" (The Last Hope) која ќе се одржи од 18-20 Јуни во Њујорк. За повеќе информации посетеte го www.hope.net.

Моето мислење во врска со оваа технологија би го прикажал преку цитатот на Бенџамин Франклин:
"Оние што менуваат сигурност за слобода не ги заслужуваат ни двете."

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии